На извршните функционери на компанијата им било предочено дека протоколите на CNN по кои се покрива војната во Газа создаваат непријателска клима за нивните арапски репортери и дописници. Дел од нив официјално се пожалиле на надлежните во куќата дека се чувствуваат омаловажени и обезвреднети од пристапот на медиумот кон она што се случува во Газа.
Едно од клучите прашања е што според протоколите, целото покривање на случувањата во Израел и Палестина оди преку бирото на CNN во Ерусалим. Тоа не само што го забавува известувањето за Газа туку и ги филтрира вестите за војната преку новинарите во Ерусалим кои работат под сенка на воениот цензор на Израел.
Како и многу други мејнстрим медиумски организации, Си-Ен-Ен се соочи со поплава внатрешни и надворешни критики за нејзиното покривање на настаните во Израел и Газа после 7 октомври, се кое се минимизира палестинското страдање и некритички се промовираат израелските наративи.
Последно од таквиот пристап беше што израелскиот масакр на над 100 гладни луѓе кои беа собрани да добијат храна, го окарарактеризира како „хаотичен инцидент“.
Арапскиот новинарски персонал на Си-Ен-Ен имаат сериозни проблеми да ги обавуваат задачите на терен откако локалците ќе дознаат или овие ќе им кажат за кого работат.