CO2 од фосилните горива нема влијание врз затоплувањето

Нова научна студија математички го побива наративот на климатскиот естаблишмент дека емисиите од фосилните горива се главната причина за зголемувањето на концентрацијата на јаглеродот во атмосферата. Анализа на податоци во период од 500 години покажува дека влијанието на фосилните горива е во маргините на грешката на несигурност на мерењата.

Тврдењето дека емисиите од фосилните горива се одговорни за речиси целиот современ пораст на атмосферскиот CO2 е математички некомпатибилно со фактичките мерења на изотопите на јаглерод, кои се користат токму за поткрепа на тоа тврдење, објаснуваат авторите на студијата, Џонатан Колер и Вили Сун.

Јаглеродот постои во различни изотопски форми. Трудот се фокусира на изотопот јаглерод-13, кој е малку потешка форма на вообичаениот јаглерод-12. Впечатливо е тоа што фосилните горива содржат релативно помалку јаглерод-13. Доколку големи количества јаглерод од фосилни извори навлегуваат во атмосферата, би се очекувало да стане видлив нивниот карактеристичен изотопски отпечаток. Но, тој не се појавува како во конвенционалното објаснување.

Тврдењата на Меѓународниот панел за климатски промени (IPCC) и стандардната литература за јаглеродниот циклус се базираат на три елементи: аритметиката на зачувување на масата за мешавина од две компоненти; стандардните изотопски вредности за тие компоненти, како и основните збирки на податоци за изотопите од институтот Scripps и од склеросунѓерите. Ако се отфрли барем еден од овие три елементи, се отфрла и целиот заклучок.

Тврдењето за доминацијата на фосилните извори не е само емпириски слабо; тоа е неконзистентно со аритметиката на изотопските ограничувања применета врз стандардните мерени податоци, наведуваат Колер и Сун.

Користејќи мерења од четири меѓународно признати станици за следење, тие пресметале изотопска пресретнатост од приближно -13,2 промили. Вкрстување на податоци од утврдените изотопски потписи на фосилните горива и природните извори на јаглерод покажуваат дека фосилните горива сочинуваат не повеќе од 26% од нето додатокот во современиот период. Дури и при екстремно нереален природен јаглероден потпис, учеството на емисиите од фосилни горива не е поголем од 47,1%.

Врз основа на нивната интерпретација на петвековните историски податоци, тие математички го пресметале современиот придонес на фосилните горива на приближно 1,3%, што е практично нула, бидејќи е во рамките на несигурност на мерењето.

Уште поинтригантно е дека оваа изотопска пресретнатост останала извонредно стабилна, и покрај индустриската употреба на фосилни горива.

Петвековната непроменливост на изотопот јаглерод-13, забележана и покрај зголемувањето на емисиите од фосилни горива за приближно 10.000 пати, го сведува прифатливиот опсег на нула. Тоа значи дека јаглеродот од фосилни горива претставува занемарлива компонента во вкупниот пораст на атмосферскиот CO2, заклучуваат авторите.

3 ноември 2026 - 10:14