Таг: пчели

Кажи им на пчелите: подзаборавен обичај на комуницирање со инсектите

Песна на англиски доселеник во САД од 19 век содржи интересен детал, кој не е само некаква поетска метафора, туку податок за вистински обичај во фолклорот на Нова Англија (североистокот на САД). Тој укажува на поврзаноста на луѓето со останатите суштества и потребата од споделување и арно и лошо.

Напад на пчели на фудбал во Танзанија, кој лежеше, кој избега

За време на Купот на Независноста во Танзанија меѓу Јанг Африканс и Иринга Јунајтед, илјадници пчели ги нападнале играчите и гледачите. Некои фудбалери експресно легнале на земја и ја покриле главата, а други фатиле џом. Судијата нормално го прекинал мечот накратко зошто и тој бил нападнат. Кога фудбалот продолжил да се тркала, Јанг Африканс славел 4:0.

Рој пчели кај корнер знаменцето, Дани Алвеш не можеше да изведе

На фудбалските терени сме виделе кучиња, мачки, лисици, зајци, па и вол. Ама досега не паметиме рој пчели (или оси) да го прекинат мечот. И тоа не кој било, туку Сао Пауло - Форталеза од бразилската најдобра лига. Лидерот на домаќинот, легендата Даниел Алвеш не можеше да центрира зошто го нападнаа пчели.

Необичната традиција на разговарање со пчели

Да го искористиме бранот на интерес за пчелите и односот на човекот кон природата инициран од „Медена земја“ и да раскажеме за една необична традиција во Британија, според која пчелите морале да бидат информирани за сите позначајни настани во семејството кое ги чувало.

Пчелите можат да разликуваат различни уметнички стилови (за разлика од некои луѓе)

Одамна се знае дека пчелите се паметни суштества. Имаат одлични навигациски способности и меѓусебно комуницираат преку „танц“. Е сега излегува дека се разбираат и во уметност.

Не многу голема победа, ама мерачка

Предмет: авокадо, богот на веганската исхрана. Тема: има веројатност дека авокадото не е веганско.

Рој пчели прекинале фудбалски меч во Еквадор

За време на дуелот меѓу ЛДУ Портовиехо и Манта во втората лига на Еквадор во 27’ минута еден гостински играч ненадејно се фрлил на теренот а кога сите присутни сфатиле дека има рој пчели по теренот и тие исполегнале на земја.

Пчелите и натаму изумираат

За само една година, бројот на пчелини колонии во САД се намалил за една третина. Проблемот трае повеќе од деценија и некои од пчелите веќе се прогласени за загрозени видови. А од сето она што го јадеме, за секој трет залак заслужни се токму тие.

На некои луѓе им е слатко со пчели

Во оригинал текстов ги има следниве тагови: секс со пчели, фетиши, мелисофилија, сексуална девијација, живот, забава. Сè ни е јасно, освен тоа „забава“.

Пчели навлечени на инсектициди

Списанието Nature има две лоши вести за популацијата пчели. Првата: инсектицидите се дефинитивно штетни по растот и репродукцијата на дивите пчели. Втората, и поинтересна: пчелите се навлекуваат на хемикалиите, и активно трагаат по нив. Нешто како вие кога ќе останете без цигари.

А ова е вашиот пазар без пчели

Минатата зима исчезнаа 31,1% од сите колонии на пчели во САД, а проблемот со зголемената смртност на пчелите трае веќе 6 години. Еден од најголемите супермаркети за здрава храна во САД, Whole Foods, одлучи најдиректно да им претстави на своите купувачи што всушност би се случило ако ги снема пчелите. Истото секаде важи.

Пореметена планета

Темата не е нова но загриженоста расте. Пчелите и натаму масовно умираат при што минатата година била најлоша. Пчеларите конечно почнаа да тужат.

M&M мед

По милиони и милиони години произведување жолт мед, пчели од Франција решија да го прошират портфолиото и да почнат да создаваат - син и зелен мед.

Селење, ниво: пчели

Дечково открива дека куќата му е преполна со пчели. Околу 50.000. Наместо паники и слично, вика момци што професионално ќе му ги иселат подстанарите. По пат, го снима целиот процес.