Новата боја на медот е откриена кај пчелите во регионот Алзас, а главна причина за тоа е што пчелите се "навлекле" на шеќер од локалната фабрика која го преработува отпадот од фабриката за М&M чоколадни бонбони. Па наместо да собираат нектар цветови, тие постојано одат до резервите со шеќер во фабриката.
Сега сопствениците на пчелите имаат проблем да го продадат обоениот мед, бидејќи освен што тој имал вкус на мед, по ништо друго не наликувал на производот што го продаваат.
Од фабриката изјавиле дека во иднина целиот отпад што го добиваат од M&M ќе го чуваат покриен.