Ова не е прва студија која тврди дека постои врска помеѓу инсектицидите, познати како неоникотиноиди и благосостојбата на пчелите. Претходно беше познато дека хемикалиите, кои беа ставени под привремен мораториум во Европа додека не се направат дополнителни истражувања, можат да имаат невролошки ефекти - да ги збунуваат пчелите па тие да не можат да го најдат својот рој, како и да го намалат нивниот капацитет за продуцирање нови кралици. Но новата студија е значајно дополнување, бидејќи споредува како она што било забележано во лабораторијата изгледа на терен.
Истражувачите работеле на 16 полиња со репка во Шведска, половина насадени со семиња кои биле третирани со неонокотиноиди, а половина не. Популациите на диви пчели околу полињата покажале пониски стапки на раст, и или воопшто не се репродуцирале или тоа го правеле во помал обем.
Од друга страна, „питомите" пчели, оние кои даваат мед, поминале многу подобро - на ниво на популација тие како да не биле воопшто погодени од неонакотиноидите. Истражувачите велат дека тоа е можеби функција на нивните поголеми, поотпорни колонии.
Но втора студија покажува дека пчелите сепак нема да ги избегнат негативните ефекти на хемикалиите. Кога истражувачите на бумбарите и на пчелите им дале избор помеѓу два вида храна: шеќердисана вода и раствор со шеќер кој содржи ниски дози на горчливиот неоникотиноид, пчелите не само што не ја забележале разликата, туку и постојано се враќале по хемиски третираната опција. Бумбарите пак, на кои хемикалиите посебно им штетат, ги одбегнувале.
Зошто пчелите би биле толку навлечени на хемикалија која негативно влијае врз нивното моторно фунцкионирање? Истражувачите велат дека тие просто се навлекуваат на неа. Неоникотиноидите ги таргетираат истите механизми во мозокот на пчелите кои паѓаат под влијание на никотинот во човечкиот мозок. Фактот дека пчелите покажуваат преференца за храна која содржи неоникотиноиди е причина за загриженост, бидејќи тоа значи дека и овие хемикалии можат да дејствуваат како дрога.
Агенцијата за заштита на животната околина на САД стави мораторииум на производството и употреба на неоникотиноидите, но само привремено, додека не се направат дополнителни проучувања.