Рој пчели кај корнер знаменцето, Дани Алвеш не можеше да изведе

На фудбалските терени сме виделе кучиња, мачки, лисици, зајци, па и вол. Ама досега не паметиме рој пчели (или оси) да го прекинат мечот. И тоа не кој било, туку Сао Пауло - Форталеза од бразилската најдобра лига. Лидерот на домаќинот, легендата Даниел Алвеш не можеше да центрира зошто го нападнаа пчели.

На крај херој испадна фудбалерот на гостите Џексон кој реши да им влезе на осите и да го фрли знаменцето надвор од теренот. Доби овации за храброста:

 

7 октомври 2019 - 11:43