Таг: бразилска лига

Центарфор одбрани пенал во Бразил

Во 34. коло од бразилската Серија А, на мечот Форталеза - Коритиба гостите изгубија 3-1, добија 5 жолти и 2 црвени картони, а резултатот можеше да биде поубедлив ако во 90+8' минута гостинскиот центарфор Мартин Сарафиоре не одбренеше пенал.

Мали, ти дише мозокот тебе а?

Со високо крената нога, отворен ѓон и право во лице и тоа со залет. Игра во бразилскиот фудбал У-17 и ако има правда таму треба и да заврши и да се префрли во ринг.

Невиден циркус на најголемото бразилско дерби

Во 25. коло од бразилската Серија А, најдобра тамошна лига, Коринтијанс го доби Сао Пауло 1-0 со гол од пенал. Неколку минути после пеналот гостинскиот голман Тиаго Волпи направи циркус кој домашните не го искористија.

Дечко, комотно конкурираш за наградата гол на сезоната

Фламенго и Брагантино поделија по бод на мечот од бразилската Серија А. Мечот заврши 1-1 а ќе се памти по неверојатниот гол на гостинскиот играч Клаудињо.

Се дава ли на голман да изведе слободен во 40-та минута?

Ако го прашате тренерот на бразилскиот прволигаш Атлетико Гоијаенсе, се дава. Жан Пауло Фернандез Фиљо го реши мечот Бахија - Атлетико Гојаниенсе со гол по одбиена топка од слободен удар кој самиот тој го изведе. Конечни 0-1 и три бода во џеб за гостите.

Крузеиро испадна од лига првпат во 98-годишна историја

Изминатиот викенд славниот бразилски клуб Крузеиро од градот Бело Хоризонте, кој беше еден од само 4 клуба кој никогаш не испаднале од првата лига, мораше да се помири со најтешките моменти во своето постоење.

Рој пчели кај корнер знаменцето, Дани Алвеш не можеше да изведе

На фудбалските терени сме виделе кучиња, мачки, лисици, зајци, па и вол. Ама досега не паметиме рој пчели (или оси) да го прекинат мечот. И тоа не кој било, туку Сао Пауло - Форталеза од бразилската најдобра лига. Лидерот на домаќинот, легендата Даниел Алвеш не можеше да центрира зошто го нападнаа пчели.

Мајката херој која му коментира фудбал на својот слеп син, доби награда заедно со Меси

Милано. Градот на модата, елитата и гламурот. Оперскиот театар Ла Скала, на сцена маестро Андреа Пирло кој отвора коверт и го објавува името на Силвија Греко - жената која победи во номинацијата навивач на годината на церемонијата FIFA The Best.