***
Интересно коментаторите во прв момент не сфатиле што се случува на теренот па биле збунети од сцената. Едниот рекол: „Еден, двајца, тројца легнаа на теренот“ а момент подоцна додал: „Само што не информираа дека имало наезда на пчели“.
На крајот немало пријавени повреди а Манта победила со 2-3. Новинарот Енрике Замбрано кој бил на мечот за шпанската новинска агенција Efe изјавил дека ова не е првпат во еквадорскиот фудбал да има ваква инвазија на пчели.
„На стадионот ’Балтаар Гуевера’ во Санта Ана два меча на Колон беа прекинати од пчели лани во 2017-та“.
Во еден од двата прекини пчелите го нападнале едниот гол поради што организаторите морале со оган да ги бркаат.