Американските пчелари соопштија дека во последнава година изумреле една третина од колониите пчели во земјата. Во некои делови од САД, зимата не ја преживеале ни половина од постоечките пчели.
Проблемот не е нов и сè уште не постои уверливо објаснување за неговите причини. Се претпоставува дека се работи за комбинирано влијание на неколку фактори: пестицидите, намалувањето на нивниот животен простор и инфекциите предизвикани од паразити.
Најновите бројки се сепак некакво подобрување од претходната година која заврши со преполовување на вкупниот број пчелини колонии. Лани за првпат некои од нив (на пример хавајската жолта пчела) беше ставена на листата на загрозени видови. Во секој случај, денес постојат помалку пчели отколку во време на Втората светска војна.
Нивната улога во одржувањето на целокупниот еко-систем е непроценлива бидејќи пчелите се клучни за запрашување на огромен дел од растенијата во чии плодови уживаме.
Како би изгледал светот без нив:
[video:https://youtu.be/7X1xIIyZw3M]