Актуелниот кандидат за демократска претседателска номинација Хилари Клинтон е љубител на сако-панталони комбинација, до толку што на нејзиниот продажен сајт за кампањата се продаваат и маици кои го имитираат тоа. Но, вистинскиот храм на нејзиниот стил на облекување се наоѓа илјадници километри подалеку од нејзината татковина, во Приштина, на Косово.
Бутикот Хилари продава исклучиво парчиња кои се во склад со тоа што обично го носи Клинтон. Се наоѓа во близина на плоштадот Бил Клинтон (кој пак ќе гио познаете по статуата на Бил Клинтон) и е еден од двата вакви бутика во градот. Се разбира, вториот бутик се вика Хилари 2. Вајс тврди дека особено биле популарни беж комбинациите.
Се чини дека ваквиот фетиш е повеќе од политичка отколку од модна природа со оглед на статусот што таму го има нејзиниот сопруг кој беше американски претстедател во клучните и пресвртни периоди на Косово. Во доминантниот политички наратив на Албанците, Бил Клинтон има статус на "Ослободител" што се гледа не само по плоштадот кој го носи неговото име туку и по други начини на манифестирање на благодарност за неговата улога.
Таквата благодарност природно се има прелеано и на неговата соруга па не е ретко да видите како луѓе носат беџови со нејзиниот лик. Сандерс на Косово стои нешто послабо.