Јадењизам и ренесанса

Иако на Запад сè погласни стануваат движењата за толерантност кон нечија тежина, стравот и натаму е доминантна емоција во врска со вишокот килограми. Не и за една шарена заедница луѓе чиј фетиш е да јадат и да се дебелеат.

Луѓето со вишок килограми доаѓаат во медиумите или како примери со кои се сее страв за здравјето или како таблоидни куриозитети: начукал некој 300 кила, го носеле со кран, станал популарен па му се усукала ултра згодна женска која неочекувана се вљубила во него за да чепне нешто од 5-те минути слава...

Но, има една група луѓе кај кои случајот е посериозен.

"Отсекогаш ме привлекувале дебели луѓе, ми се допаѓа како изгледаат нивните тела. Уште од дете ги полнев моите облеки со перници и се преправав дека сум супер - дебела. Исто така многу сакам да се бербата со храна, тоа ме возбудуваше уште пред да ја развијам мојата сексуалност."

Ова е класична сторија на припадничка на таканaречениот јадењизам (feederism), движење или заедница на луѓе чија намера е да си даваат поддршка  додека набиваат килажа. 

"Почнав од 14 години. Прво се здебелив 10, па потоа 20 килограми и сфатив дека тоа ме возбудува," вели друга жена.

Имаат онлајн сврталиште - форум на кој си разменуваат рецепти чии резултати брзо се гледаат на вага или просто да се дружат и да си зборуваат за нивните гастро и други љубови.

Не се сите екстремни, но, секакви ги има.

"Сакам да бидам казнувана ако не јадам како прасе. Сакам да ме закачаат колку сум дебела. Сакам кога ме мерат или кога не можам да влезам во некоја облека," признава напредна поборничка на јадењизмот.


Посебен сектор во оваа заедница се оние кои не сакаат да се дебелеат туку задоволството го гледаат во тоа да хранат други луѓе и да гледаат како тие добиваат на тежина.

2 март 2015 - 19:13