Психолошката алатка се вика subliminal priming и се состои во потсвесно создавање мемории, кои поттикнуваат позитивни или негативни реакции на надворешни дразби. Идејата може да се вгради во нечиј ум преку фотографија, па дури и со шепнат збор, и таа потоа да влијае врз однесувањето на оној кому му е вградена.
Во случајов експериментот не е правен за некакви воени или разузнавачки цели, туку за да се види дали ваквата постапка може да влијае врз поздрава исхрана. Психологот Кристина Леџет и нејзините колеги им покажале на 42 волонтери слика на високо калорична храна како помфрит и потоа ги прашале дали во моментот би ја изеле (одговорот бил да, одма). Но потоа таа им прикажала грозна слика, на пример мравки кои лазат по пица или искасапено тело, и тоа доволно брзопотезно за тие да не можат свесно да препознаат што има на неа, но истовремено и доволно бавно за таа да активира дел од мозокот наречен амигдала, кој ја детектира сликата пред таа да стигне до свеста, и истовремено ги активира соодветните чувства.
Веднаш по ваквото поттикнување на чувството на згрозеност, на испитаниците повторно им биле покажани сликите со претходно вкусната храна. Но овој пат тие изјавиле дека и не се баш толку гладни. Три до пет дена подоцна тие реагирале на дразбата на истиот начин, што покажува дека врската не била ограничена на првичниот момент, туку имала подолготраен ефект.
Ако трупањето информации за нутритивните вредности на амбалажите не помага за луѓето поздраво да се хранат, оваа техника на поттикнување „одвратност" може да ги натера тие да го прават изборот автоматски. Леџет се надева дека ќе постои некаков сајт или апликација со помош на кои луѓето кои го сакаат тоа ќе можат самите да си ги хакираат мозоците за да одјадат масна и нездрава храна. Но тогаш тие би биле свесни за постапката, па целата смисла на сублиминалноста би исчезнала, а со тоа и можниот резултат.
Во пракса, сето ова е тотално обратно: