Др. Брајан Вејнер, гастроентеролог, ја пишува книгата The Ice Diet, во која објаснува како се слабее со помош на мраз. Книгата е во електронска форма, а Вејнер ја нуди комплетно бесплатно "за да не влезе во истиот куп со останатите промотори на контрапродуктивните помодарски диети."
Неговата логика е дека кога јадеш значителна количина на мраз, твоето тело троши енергија за да го стопи мразот. Истата количина треба и да те засити со тоа што ќе пополни простор во вашиот стомак.
Според пресметките, внесувањето на еден литар мраз ќе стопи околу 160 калории, што по потрошувачка е еднакво како да си истрчал 1,6 километри.
Самото внесување мраз не би требало да има штетни последици по вашиот организам, ама диетата доаѓа со неколку предупредувања:
- не треба да се надмине дозата од 1 литар на ден
- препорачливо е мразот да биде иситнет на парченца (како за мохито), за да не ги оштетиш забите и непцата
- да не се јаде мраз кога е многу ладно надвор
- да не јадеш мраз веднаш после физичка активност, за да го оставиш телото да троши што е можно повеќе калории за ладење на организмот
- на деца да им се дава помала количина од 1 литар на ден, во зависност од нивната тежина и возраст
Скептиците сакаат да ја побијат диетата по основа на бројки. Нивните пресметки се дека 1 литар мраз топи 117 калории, па затоа треба да внесеш 30 килограми мраз за да стопиш 3.500 калории колку што е потребно за да намали половина килограм тежина. Ова во основа доаѓа по половина килограм месечно (6 кг. годишно), ако сите други ставки ти останат исти.