Шест години откако во просек изгубиле секој по 60 и нешто килограми, учесниците во тв програмот "The Biggest Loser" (кој повеќе килажа ќе изгуби) вратиле 70 проценти од првичната тежина а организмот денеска дневно им троши по 500 калории помалку од кај други луѓе на нивна возраст и тежина. Фановите на диета ќе кажат дека ослабеле пребрзо или пак јаделе погрешна храна, но, не е тоа.
Проблемот не е во нивната воља туку во неврологијата, пишува Њујорк Тајмс. Метаболичкото забавување е една од најмоќните алатки кои ги има мозокот за да го држи организмот во одредена тежина околу една тн 'појдовна точка'. Кога тежината на оној кој држи диета ќе падне под тој опсег, неговиот организам не само што троши помалку калории туку и продуцира хормони кои го тераат во храната да гледа награда.
А мозокот ја одредува таа појдовна точка без разлика дали вие или вашиот доктор се согласува со неа. Кога човек од 120 кила ќе се спушти на 80 кила, мозокот прогласува вонредна состојба и ги користи сите алатки да ја врати тежината во 'нормала'.
Сериозно дебел човек има една спрема 1.290 шанси да ја постигне посакуваната тежина во рок од една година. Кај жените односот е 1:677. А поголем дел од оние кои ќе ги победат ваквите изгледи ја враќаат првичната тежина во следните 5 години.
"Во 2002 година, 231 милион Европјани држеле некоја диета. Од нив само еден процент успеале да ја постигнат и да ја задржат посакуваната тежина".
Но, дебелината не е толкав хорор каков што сакаат да прикажат оние што живеат од продавање диети. Некои запоставени фактори како што е малата плата или осаменоста, заедно со докажано опасниот недостаток на вежби, високиот притисок или пушењето можат многу попрецизно да зборуваат за изгледите за подолг живот отколку дебелината. Американска студија од 2009 покажала дека 16-17 проценти од умирањата во Америка се од недостаток на движење. На дебелината ѝ остануваат 2-3 проценти одговорност (откако факторот фитнес ќе се исклучи). Затоа, на оние со поголема килажа од посакуваната им е попаметно нешто да прават со себе и своето тело отколку да бројат калории.