Оние кои одбрале за себе безглутенска диета во себе ставаат и до 14 пати повеќе масти од количините кои ги има во обичниот леб, тестенини и биксвити.
На основа на лабораториските анализи на производите кои ги има по супермаркетите, нутриционистите порачуваат на претпазливост и трезвеност, бидејќи во безглутенските продукти често пати има многу повеќе шеќери и масти од вообичаеното.
Фамата околу безглутенската диета и онака е пренапумпана. Рекорден број Американци планираат да си наметнат исхрана без глутен, протеин кој се наоѓа во зрната на многу житни растенија. Се работи за една третина од вкупната популација иако целијакија, односно нетолерантност на глутен има само еден процент од возрасното население.