Производителите на флаширана вода кои со години ја усовршуваат уметноста како да му продадеш на човек нешто што може да го добие (скоро) за без пари, својата вештина за ловење наивни само што ја издигнаа на сосема ново ниво - вода без глутен.
Базирано на медицински студии кои допрва треба да бидат спроведени колку повеќе луѓе има околу тебе толку е поголема твојата нетолерантност на глутен. Ова е само еден од советите.
Благодарејќи на познатите од калиброт на Гвинет Палтроу или Новак Ѓоковиќ, безглутенската диета денес е една од најшик режимите на исхрана. Луѓето шпедантно пазат да не голтнат глутен, ама притоа бутаат мрсно без мерка.
Глутенот е еден од новите и ептен модерни плашила во исхраната. 30 проценти од возрасните Американци имаат намера да го елиминираат, а потреба за тоа имаат само еден процент.