Рекорден број Американци планираат да си наметнат исхрана без глутен, протеин кој се наоѓа во зрната на многу житни растенија. Третина од вкупната популација иако целијакија, односно нетолерантност на глутен има само еден процент од возрасното население.
"На сите други, исхраната без глутен не само што нема да им го подобри здравјето туку веројатно и ќе им наштети," вели експертот за исхрана Кетрин Талмиџ потсетувајќи дека рафинирањето од глутен истовремено ги лишува производите од корисни влакна, витамини и минерали.
Студии на оваа тема покажуваат дека производите без глутен имаат кусок железо, фолна киселина, ниацин, тиамин, калциум, Б-12, фосфор и цинк.
Со други зборови, оние што непотребно решиле да се хранат безглутенски, бутаат во себе храна со инфериорна нутриционистичка вредност.
А за килажа, доволно е да се намали лебот и колачите.