Британски Мирор пишува за производителите како Блк и Клара, кои на пазарот лансираа безглутенски верзии на своите пакувани води, и покрај тоа што вода како вода нема ни најмала трага на глутен во нејзе. За да биде комплетен впечатокот, истите овие води се рекламираат и дека се и без ГМО.
Меѓу другите ознаки, овие "премиум" води се и без БПА, штетната состојка што доаѓа од пластичните шишиња за вода за едно користење. Иако исклучувањето на БПА е фина работа, во случајов и тоа е идентично достигнување како и отстранувањето на глутен и ГМО, бидејќи водата што ја продаваат најчесто е во стаклени шишиња.
"Како што потрошувачите гледаат што е можно повеќе да го намалат внесот на глутен, така водата се наметнува како следниот производ на кој што треба да пазат.
И со тоа почнува да расте бројот на етикети на шишињата за отсуство на глутен.
Во меѓувреме, ние сме премногу зафатени за да сфатиме дека водата обично доаѓа без глутен директно од славина," пишува Мел Еванс во Мирор.