Просечна жена во животот е на диета 16 пати а бројот на нејзините животни љубовници е двојно помал и изнесува 8.
Просечната диета им трае еден месец и притоа најчесто губат меѓу 3 и 6 килограми.
Најчеста причина за откажување им е недостатокот од воља, досадата и доцните ноќни излегувања со пријателите.
Најчеста причина за држење диета е незадоволството од своето тело. 27 проценти слабеат за да бидат посекси, на 19 посто им е најбитно да бидат во форма до летниот одмор а само еден процент жени се ставаат на режим заради партнерот.
Почнуваат на 17 годишна возраст а со стареењето бројот на диети се зголемува. Во своите 20-ти години просечно слабеат 4 пати, во 30-тите пет пати а во 40-тите шест пати се подложуваат на рестриктивен режим на исхрана.
Истражувањето спроведено на примерок на 1.000 жени го нарачала компанија која продава суплементи за слабеење.