Одлично! Не, фала!

За оние кои им е здосадено да бројат калории или применуваат други стандардни методи на задржување на линијата, екипа гастроентеролози смислиле ефикасен гаџет кој ќе им помогне да се решат од вишокот изедено. Одвратно ефикасен.

Справата се вика AspireAssist, хируршки се вградува на стомакот и испумпува храна директно од желудникот.

20 минути после оброкот, на малиот цицач му треба 5 до 10 минути да извади околу 30 проценти од она што го имате во стомакот. Една година бил тестиран на 24 дебели волонтери. Во просек изгубиле над 20 килограми.

На недоверливи ова им личи на медицински помогната булимија.

 

15 јануари 2013 - 13:40