Жените треба да јадат како мажи за да ослабат

Идејата е дека жените треба да почнат да прифаќаат машки навики, и да почнат да избираат пиво наместо коктели, или да ја отфрлат диеталната храна во корист на полномасни алтернативи, а сето ова доаѓа од човек кој цел живот го има посветено на слабеење мажи и жени.

Логиката на нутриционистот и персонален тренер, Џим Вајт, е дека "луѓето кои се пазат колку јадат (а тука мнозинството се жени) имаат тенденција да се прејадат пред да почнат диета и да влезат во серија откако ќе им заврши диетата."

Жените треба да се пазат и од храната што е обележана како "диетална," бидејќи од неа најчесто се извадени клучни масти и протеини, кои прават да се чувствуваме сити, и кои може да содржат екстра шеќер и сол за да се надомести за вкусовите кои се губат заради вадење на мастите.

"Диеталната храна некако има погрешно име. Во неа нема никакво задоволство, и токму затоа момците не се малтретираат со ниско-калорични оброи или однапред одредени порции," објаснува Вајт.

Наместо ова треба да се разгледува квалитетот на состојките што се јадат и размерот на масти, протеин и јагленхидрати.

Друга добра навика што може да се научи од мажите е во ресторан да се јаде бифтек или чисто месо (без компир), наместо салата.

Што се однесува до алкохолот, препораката на Вајт е да се пие пиво наместо коктели, затоа што содржи далеку помалку шеќер и побрзо ти го полни стомакот заради што можеш помалку грицки да внесеш во себе.

На крај сето ова Вајт го комплетира со тоа дека треба да се пие вода, ама многу, бидејќи жените многу често се подложни на дехидрација заради прескокнување на оваа навика.

На кратко, списокот на навики што Вајт им го препорачува на жените е:

- Повеќе чисто месо, на сметка на помалку салата
- Пијте пиво, наместо коктели
- Не држете диета кампањски, воведете начин на исхрана
- Бојкотирајте ја ниско-калоричната храна
- Локајте вода на вежбање
- Цело време јадете
- Фокусирај се на размерот на протеини, јагленхидрати и масти

 

19 јули 2014 - 14:26