Контролата на големината на порциите е еден од клучните елементи во скоја диета. А секој од нас ја има мерката за пристојно јадење во своја рака. Буквално во своја рака, бидејќи таа може да биде прецизен инструмент за тоа колку јадење ни е доволно.
Дланката е за месо, тупаницата за паста и сладолед, прстите за мазалици.
Еве како графички изгледа шемата на нутриционистичката игра лист-камен-ножици:
Ако ова не ви врши работа, последната добра диета за која сме слушнале е "Фенг шуи диета".
Многу е едноставна.
По фенг шуи, вратата од фрижидерот треба да ви биде свртена кон ѕидот.