Терминот прв пат е воведен во 1819 од францускиот хемичар и физичар, Николас Клемент, и потекнува од грчкиот збор за „жештина“ - calor.
За да не биде ништо едноставно треба да се знае дека има разлика меѓу калорија и Калорија. Првото е нешто што се вика „мала“ или „грам“ калорија (cal.), а второто е „голема“, „хранлива“ или „кило“ Калорија (kcal). 1 килокалорија или само Калорија е еднаква на 1.000 грамкалории или само калории.
Колку толку работата ја поедноставува тоа што малата калорија главно се користи во хемија, а големата Калорија (kcal.) во исхрана.
Се до 1990-те, кога калориите стануваат доминантен муабет во исхраната, тие се мерат со т.нр. бомба калориметар, во кој храната се става во запечатен сад окружен со вода. Потоа таа се пали со помош на струја, па се пресметува колку енергија ќе ослободи и колку таа енергија ќе ја загрее водата. Врз основа на тоа добиваш и калорична вредност.
Кога на пакувањата на храна почнува задолжително да се испишува број на калории, овој метод станува застарен бидејќи намерата е да се измери колку енергија добива телото од секое јадење што го обработува. Проблемот е што храната содржи и состојки кои телото не ги согорува, пример хранливи влакна, а кои исто така се мерат при тестовите со согорувањето. Затоа решението е калоричната вредност да се мери како збир на искористените хранливи состојки: протеини, јагленихидрати, масти и алкохол.
Ова се нарекува Атвотер систем, кој има просечни вредности за секоја од состојките, кои потоа само ги собираш:
- 1 грам протеин е еднаков на 4 килокалории (kcal).
- 1 грам јагленихидрати е еднаков на 4 килокалории (kcal).
- 1 грам масти е еднаков на 9 килокалории (kcal).
- 1 грам алкохол е еднаков на 7 килокалории (kcal).
По овие бројки, на пример, еден енергетски бар кој содржи 10 грама протеин, 20 грама јагленхидрати и 9 грама масти ќе има 201 Калорија или килокалорија.
Е сега, и Атвотер системот има свои проблеми:
Како за крај за калоријата да стане она штетното што ние вообичаено го водиме како синоним за калорија - маст / сало, потребно е нејзе да не ја трошиме и во телото да внесуваме повеќе енергија (калории) отколку што тоа согорува.