Ако некој во праисторијата правел слава (мрсна), би требало да знае дека со еден мамут може да нахрани 25 гладни гости неандерталци цел месец, додека канибализирање на човечко тело би задоволило само една третина од дневните калориски потреби.
Нова студија за нутриционистичката вредност на различни видови место покажува дека во споредба со палеолитските животни, човечкото месо има инфериорен квалитет.
„Во компарација со другите животни, ние не сме толку хранливи“ вели водачот на истражувањето кој открива дека дивата свиња или мечката има околу 1.800 калории во кило додека човечкото содржи само околу 650 калории.
А одамна постојат докази за канибализам кај луѓето кој датира уште од пред 800.000 години. Нејасни се мотивитите но се претпоставува дека имало различни: некогаш можеби се работело за ритуал, некогаш од чисто опортунистички прилики (кога некој од племето ќе умре а греота да се фрли) а што го знаеш, можеби неандерталските гуруа за здрава храна го препорачувале како корисен додаток на исхраната.