Математиката е доволно збунувачка за околу 68% од учесниците во една студија кои се надевале дека ќе ослабат, до крајот на вежбањето да зголемат килажа.
БиБиСи Фјучр прави споредба на внесувањето и трошењето калории врз основа на опширната табела од Харвард. Користејќи ги овие бројки, тие пресметуваат колку време ти треба за да ги согориш калориите што си ги внел. Веројатно единствена слаба алка во целото истражување им е што анкетниот примерок е човек од 70 килограми.
Технички нема еден момент во денот кога не трошиме калории, од спиење, до седење на компјутер, до џвакање мастика. БиБиСи од табелата на Харвард ги вади следниве:
- 1 час пливање "машки" или "краул" е доволен за да се потрошат калориите од 5,5 лименки Кока-кола (772 калории)
- 1 час возење точак е доволен да се согорат калориите од 2,9 Криспи крим крофни (околу 700 калории). Статичниот велосипед е понапорен од машините за веслање или за трчање.
- 1 час џвакање мастика ги троши сите калории од едно парче Принглс чипс. Според Медицинскиот журнал на Нова Англија, ако џвакаш мастика во секој момент додека си буден, во текот на една година симнуваш 5 килограми.
- 1 час трчање е доволен да се согори еден Биг Мек и помфрит. Искусните трчачи при брзина од околу 16 км/ч трошат по околу 1.000 калории.
- За 1 час танцување се трошат 3 чаши вино. Според таблицата еден час играње во диско согорува 400 калории.
- 1 час седење на компјутер согорува една третина од Сникерс. Ако стоиш наместо да седиш, тоа се дополнителни 11 калории.
- 1 час читање согорува 4 парчиња Принглс.
- 1 час секс кај жените согорува калории од 34 грама кашкавал, кај мажите 51 грам.