Излезе дека навистина постои магичен круг на храна и депресија, заради тоа што јадењето има слично влијание како дрогата на одредени центри за смирување во мозокот.
"Освен што дебелее, калоричната храна предизвикува и реакција во мозокот на сличен начин како и дрогата, што доведува до депресија откако ќе заврши нејзиниот 'смирувачки ефект' врз мозокот. За прв пат покажавме дека хроничната консумација на вкусна и високо калорична храна има про-депресивни ефекти," објаснила докторката Стефани Фултон, од Истражувачкиот центар од болницата во Монтреал.
Во експериментите научниците користеле неколку групи глувци, кои јаделе различни групи на храна. Откако престанале да им даваат од храната, групата која добивала најкалорично јадење станала депресивна и повознемирена од другите. Тие се повлекле, престанале да излегуваат на отворено и не се ни обидувале да избегаат кога биле затворени.
Бидејќи луѓето и глувците го имаат истиот "систем на награди" базиран на допамин, истражувањето покажува дека високо калоричната храна предизвикува вистински, мерливи промени во однесувањето на луѓето.