Среќен Божиќ и долго џвакање

Најголемиот христијански празник е време кога славениците најмногу ги секира - нивната килажа. Истражувачите тврдат дека најдобра одбрана од обилните божични софри е долгото џвакање.

Не само што ќе изедат помалку од останатите, оние што џвакаат долго за време на ручекот, помалку чувствуваат глад во преостанатиот тек на денот, утврдиле британски истражувачи спроведуајќи експерименти на оваа тема. Или можеби се гладни ама ги мрзи пак да џвакаат.

Препорачаната доза е 30 секунди џвакање. Секој залак.

Предностите на ваквиот начин на конзумирање имаат и своја опачина. Луѓето кои џвакале по 30 секунди залак подоцна многу пониско го оцениле вкупното задоволство од ручекот и храната.

Комплетниот божичен оброк содржи меѓу 3.500 и 4.000 калории. Препорачаната дневна доза е 2.500 калории за мажи и 2.000 калории за жени.

29 декември 2012 - 09:25