Еден јапонски сајт (ако веќе инсистирате на изворот - тука) кој претвора секаква активност во калории, пресметал дека еден клик на маусот троши просечно 1,4 калории. Пресметката е правена според просечна тежина на прстот, потребниот притисок и слично. Па се добиваат 1,4 калории по клик.
Пресметано во реални димензии, за да изгорите еден хамбургер од 490 килокалории, потребни ви се околу 350 илјади кликови.
Во недостаток на поефикасно чаре, предлагаме да си кликнеме на видеото.