Таг: роберт левандовски

Левандовски не е со сите

Оптоварени со тоа до каде одат и какви рекорди поставуваат Меси и Роналдо, подзабораваме по малку на Роберт Левандовски. Човекот кој шест сезони е константна гол машина во Баерн, шест сезони шампион и во пет од нив не е под 40 гола по сезона.

Се сеќавате ли на најлудата измена во европскиот фудбал?

Полскиот центарфор Роберт Левандовски сруши и уште руши еден куп рекорди во кариерата. Игра неверојатен фудбал а најлуди моменти во неговата биографија се кога му даде 4 гола на Реал и еднаш кога влезе од клупата за резерви против Волфсбург во Бундеслига.

Не бил лош Роберт

Море каков лош, далеку е од лош. За 13 сезони освоил 17 трофеи и постигнал 411 гола на 605 клупски натпревари. Дури 11 пати бил број стрелец број 1 на сезоната, седум пати во првенство и уште четири пати во куп.

Фудбалот против вирусот: клубови помагаат болници, играчи даваат од плата

Фудбалскиот свет помага во борбата со COVID-19 како може: од купување маски и респиратори, до организирано донирање средства за болниците.

Левандовски го копира Џејсон Вилијамс?

Поранешниот плејмејкер на Сакраменто ни е некако асоцијација за “лажни очи“. Во фудбалот тој епитет треба да му следува на Роналдињо. Но во такво издание го гледаме и чичко ви Роберт кој одлично го изведе ова, а претходно и атрактивно ја прими.

Најдоброто од човекот кој не знае за доста

Точно е дека Меси имаше нова извонредна сезона со 50 погодоци, ама Левандовски 2019-та ја заврши со 54. Пољакот е ненаситен и оваа година и само сезонава која е до пола има постигнато 30 комада. Баерн Минхен се обиде да ги издвои најубавите и најважните за изминатата година.

Левандовски е од друга планета

Ако „Златна топка“ се даваше за есенскиот дел од сезоната, Роберт Левандовски годинава немаше да има никаква конкуренција.

Најубавите голови во деценијата од 2010 до 2020

Како што се наближува почетокот на 2020-та година, така полека може да се заокружи циклусот на најпознатите фудбалски погодоци во изминатите 10 години. Речиси сите се познати, а има и некои кои сме ги подзаборавиле.

Левандовски побудале и му урна рекорд на Герд Милер стар 50 години

Најголемата грешка на Борусија е веројатно тоа што не успеа да го задржи Роберт Левандовски. Пољакот си замина од Дортмунд во 2014-та и од тогаш до сега на својот поранешен тим му даде 16 гола. Само Вердер и Шалке во тој период и дале повеќе голови на Борусија, ама цели екипи.

Левандовски стварно има лепак на копачките

Од април 2017 година Борусија Дортмунд нема победа во Минхен против Баерн. Баварците и во саботата ја продолжија оваа серија откако со 4-0 го демолираа ривалот во Der Klassiker. Полјакот Левандовски даде два гола а имаше и еден луд прием на топка.

Магичен потег на Левандовски, ама на билијард

Околу два месеци и кусур како се игра фудбал во Европа, а тој веќе има постигнато 19 голови на сите натпреварувања. Во Бундеслига пак викендов постави нов рекорд. Се запиша на листата на стрелци на 9 меча по ред. Ова е ново кај него за со една, ама ај да видиме што прави со шест топки, односно топчиња.

Несмасниот потег на Несторовски кон Левандовски

Малку фалеше фудбалерот на Удинезе и шпиц на македонската фудбалска репрезентација да го повреди најдобриот европски напаѓач во моментов. Од чиста небрежност, сосема случајно.

Потегот на вечерта го имаше Левандовски, а Гнабри со два збора собра 100.000 лајка

Баерн Минхен постави неколку рекорди, откако синоќа со 2:7 го прегази актуелниот вицешампион во Лига на шампиони, Тотенхем.

Кога Левандовски го потопи Реал

Сезоната 2012/2013 од ЛШ ја паметиме по германското дерби во финале кое го доби Баерн Минхен со голот на Робен во 89-а минута, ама и по оние легендарни 4 гола кои Роберт Левандоски му ги нареди на Реал во полуфинале, токму на денешен ден. Прво беше 4:1 за Борусија, па 2:0 за Реал.

Ама ја лепи Роберт

Ти го мислиш таков стап и кадарен само за голгетер кој впрочем растура во шеснаесетник, а тој се загрева со топката како оние фристајл нинџите по улици. Левандовски на Копакабана да не е израснат? Што сака прави со топка.

Роберт ти ли ова бе мајсторе?

Полска синоќа загуби од Чешка на гости, што и не е така страшно бидејќи беше пријателска, ама расен стрелец како Левандовски вака да се обрука пред гол, некако не ни е верно.

Интервјуто кое на Левандовски му направи голем проблем

Најдобриот напаѓач во германската Бундеслига Полјакот Роберт Левандовски дал интервју за изданието Der Spiegel кое и тоа како не му се допаднало на Баерн Минхен.

Како Левандовски даде 5 гола за 9 минути

Пред две сезони Волфсбург му гостуваше на Баерн и само го налути со водството од 0-1 после голот на Даниел Калиџури. На полувремето влезе Полјакот Роберт Левандовски, за девет минути ја изрешета мрежата на противникот и постави неколку рекорди.

Што сè преживеал Роберт Левандовски во раната младост

Лузната кај горната усна му стои од четири години кога паднал по скали со чаша сок. После неколку години скршил нога, неправилно му зараснала, па морал одново под анестезија. Бурната младост без татко го направила посилен и еден од најдобрите европски напаѓачи.

Шпицот на Келн кој ги засени Левандовски и Обамејанг

Во фактот дека до сезонава сте немале појма кој е Антони Модест нема ништо криминално. Дури и фудбалерите од Бундес на Модест неодамна слушнале за него и биле изненадени кога разбрале дека во германската лига има Французин кој игра подобро од Рибери.

Најдобрите стрелци во Европа во моментов

До завршувањето на клупската сезона останаа уште два месеци. Во трката за наградата „Златна копачка“ која се дава на најдобриот ’бомбардер’ во европските првенства лидер во моментов е Лионел Меси.

Патешествие по ’Алијанц Арена’ - најимпресивниот стадион на светот

Фразата „Мia san mia“ е на баварски дијалект и значи „Тие сме кој сме“. Ја користи Баерн, а Баерн е 26-кратен германски и 5-кратен европски првак со вселенски стадион.

Нервозни Полјаци во Казахстан

По 35’ минути игра, репрезентацијата на Полска синоќа водеше 0:2 против Казахстан, но Кижниченко со два гола од 51’ до 58’ минута израмни на 2:2 за изненадување на вечерта. Полјаците не можеа да се помират со тоа, па лактаа и удираа.

Германија и Полска за првата нула без голови на Европското

Германија и Полска одиграа 0:0 во второто коло од групата Ц и освоија по бод кои веројатно ќе значи осминафинале и за двете репрезентации.