Ти го мислиш таков стап и кадарен само за голгетер кој впрочем растура во шеснаесетник, а тој се загрева со топката како оние фристајл нинџите по улици. Левандовски на Копакабана да не е израснат? Што сака прави со топка.
Полска синоќа загуби од Чешка на гости, што и не е така страшно бидејќи беше пријателска, ама расен стрелец како Левандовски вака да се обрука пред гол, некако не ни е верно.
Најдобриот напаѓач во германската Бундеслига Полјакот Роберт Левандовски дал интервју за изданието Der Spiegel кое и тоа како не му се допаднало на Баерн Минхен.
Пред две сезони Волфсбург му гостуваше на Баерн и само го налути со водството од 0-1 после голот на Даниел Калиџури. На полувремето влезе Полјакот Роберт Левандовски, за девет минути ја изрешета мрежата на противникот и постави неколку рекорди.
Лузната кај горната усна му стои од четири години кога паднал по скали со чаша сок. После неколку години скршил нога, неправилно му зараснала, па морал одново под анестезија. Бурната младост без татко го направила посилен и еден од најдобрите европски напаѓачи.
Во фактот дека до сезонава сте немале појма кој е Антони Модест нема ништо криминално. Дури и фудбалерите од Бундес на Модест неодамна слушнале за него и биле изненадени кога разбрале дека во германската лига има Французин кој игра подобро од Рибери.
До завршувањето на клупската сезона останаа уште два месеци. Во трката за наградата „Златна копачка“ која се дава на најдобриот ’бомбардер’ во европските првенства лидер во моментов е Лионел Меси.
Фразата „Мia san mia“ е на баварски дијалект и значи „Тие сме кој сме“. Ја користи Баерн, а Баерн е 26-кратен германски и 5-кратен европски првак со вселенски стадион.
По 35’ минути игра, репрезентацијата на Полска синоќа водеше 0:2 против Казахстан, но Кижниченко со два гола од 51’ до 58’ минута израмни на 2:2 за изненадување на вечерта. Полјаците не можеа да се помират со тоа, па лактаа и удираа.
Пред да пристигне во Борусија Дортмунд, играше во Лех Познан, неговиот втор клуб во кариерата каде настапуваше од 2008-ма до 2010-та. Да му го видиме дебито на еден од напаѓачите кои ја одбележаа 2015-та.
За слабиот физикус на Пољакот зборува неговиот прв тренер, но Левандовски се заинатил и тренирал по 6 часа на ден. Денеска тој е сопственик на четири рекорди во Бундеслигата за кои доби четири признанија од Гинис.
Кајт дава по три гола и на 35 години, а за Левандовски и Обамејанг тоа е веќе рутина. Барселона е ефикасна и без Меси, а Михајловиќ против Сасуоло победи со дете меѓу стативите.
Напаѓачот на Баерн Минхен постигна 10 голови во една недела, и неговата поубава половина се пошегува на Инстаграм дека Роберт Левандовски почнува да биде здодевен. Тајната на успехот била во доручекот, вели жена му инаку шампионка во карате.
Легендарниот Кобра во еден квалификациски циклус постигна 10 голови, а целата денешна репрезентација на Македонија едвај даде шест голови на 10 натпревари во кампањата за ЕП 2016 во Франција.
Роберт Левандовски сезонава во првенство има постигнато исто голови колку Саутемптон, Арсенал, Шалке Волфсбург, Келн и Киево и има повеќе постигнати погодоци од 11 екипи во Премиер лига, 12 во Бундеслигата, 14 екипи во Серија А и 15 во Ла Лига.
Напаѓачот на Баерн Минхен постигна 10 голови на 7 меча, што е најдобар старт во последниве 40 години во Бундеслигата, а Обамејанг стрелаше на сите досегашни меча за Борусија оваа сезона. Овие двајца голгетери ќе играат еден против друг во следното коло.
Напаѓачот на Баерн Минхен петтиот гол против Волфсбург го даде од неговиот десетти допир со топката. Марио Балотели толку голови не успеа да даде за цела сезона во Ливерпул, а во Шпанија пола лига нема дадено 5 гола во првите 4 кола.
Напаѓачот на Баерн Минхен вечерва испиша нова фудбалска историја со рекордни пет постигнати голови за само 9 минути на мечот против Волфсбург кој заврши 5:1. Гвардиола не можеше да поверува.
Пријателските мечеви, летните турнеи и стартот на некои фудбалски првенства се сосема доволно за една богата атрактивна топ листа со голови. Ви го издвојуваме тој на Селтик.
Втората вечер од 6. квалификациско коло донесе три хет-трика. Полска со 4-0 ја совлада Грузија, а шпицот на Баерн Минхен постигна 3 гола за 3 минути. Хет-трик синоќа имаше и Кристијано Роналдо на мечот Ерменија - Португалија 2-3, а три гола даде и Ширле за Германија против Гибралтар (7-0)
Во најновите изјави кои редовно ги собира на купче Газета дело Спорт, главен актер е Антонио Касано кој додека паузира со фудбал, им прави сериозна конкуренција на Ибрахимовиќ и Балотели во однос на давањето контроверзни изјави.
По испаѓањето од Дортмунд во полуфиналето на домашниот куп и од Барса во истата фаза од ЛШ, Баварците немаат хармонична атмосфера во тимот. Доказ за тоа е денешната расправија меѓу Левандовски и Боатенг, кои за малку не се степаа.