- 2:7 е најголемиот домашен пораз на некој англиски клуб во еврокуповите;
- Тотенхем беше воедно и последен англиски клуб кој примил 7 гола во еврокуп, во летото 1995 година „спарс“ изгубиле 8:0 од Келн во Интертото Купот;
- Баерн по втор пат дава 7 гола на гостински меч во Лига на шампиони. Во октомври 2014 1:7 го окрка Рома на „Олимпико“ кога Гвардиола беше тренер на тимот од Минхен.
- Серж Гнабри е вториот Германец кој дал покер во ЛШ. Четири гола на еден меч претходно постигна Марио Гомез, против Базел во 2012.
- Баерн Минхен има 6 бода и речиси е пласиран во следната фаза. Тотенхем има само 1, но и лани имаше 0 бодови после 2 кола (порази од Интер и Барселона) па стигна до финале.
Ова беше најдобар меч на Нико Ковач откако е тренер на Баерн, а тој даде трезвена изјава после натпреварот:
„После 30 минути уште не беше 2:7. Имавме многу проблеми во одбрана, не спаси Ноер со неколку класни одбрани. Дадовме гол во важен момент. Многу беше важно да се даде втор гол пред полувремето“.
Во првите пола час никој на стадионот не претпоставувал што ќе го снајде Тотенхем: Танги Ндомбеле доминираше на средината, Сон го решеташе Ноер (4 удари, 3 во рамки на гол). Но Баерн се консолидираше и германската машина се запали.
Потегот на вечерта го имаше Роберт Левандовски кој постигна 2 гола:
🔥 Момент дня 🔥
— UEFA.com на русском (@UEFAcom_ru) October 1, 2019
Роберт Левандовски пяткой перебрасывает мяч через Яна Вертонгена себе на ход 😱#ЛигаЧемпионов pic.twitter.com/TiNMngmHmv
Полјакот има 14 гола на 10 меча сезонава. Во Бундеслига постигна 10 погодоци на 6 натпревари, 1 во Купот на Германија и 3 на два меча во ЛШ. Левандовски игра маестрално иако има 31 година.
Но крал на мечот беше Серж Гнабри кој постигна 4 (ЧЕТИРИ) гола од 4 удари кон противничкиот гол.
Германскиот репрезентативен крилен напаѓач ги израдува не само навивачите на Баерн, туку и оние на Арсенал за кого играше пред неколку сезони и каде израсна како играч.
„Северен Лондон е ЦРВЕН!“, напиша Гнабри на Твитер и алудираше на големото ривалство меѓу Арсенал и Тотенхем кои се наоѓаат во северен Лондон.
North London is RED!!! pic.twitter.com/1Te5YjqpWo
— Serge Gnabry (@SergeGnabry) October 1, 2019
За два часа овој твит собра повеќе од 100.000 лајка.