Интересно е што напаѓачот на ПСЖ, Единсон Кавани игра во лига каде коефицентот на постигнат гол според УЕФА е 1,5 (во првите Топ 5 лиги голот се смета со коефицент 2,00, голови постигнати од шесторангираната до 21-рангираната лига се множат со 1,5, а во сите првенства под 21. место се множи со коефицент 1,00). Француската лига пред почетокот на 2015/16 падна на шестото место на ранг листата, а петтото место го зема португалската. Од таа причина Уругваецот Кавани наместо 54 бода, во моментов има само 40,5.
Ова правило на бодување според коефицентите УЕФА го воведе од сезоната 1996/97 кога Бразилецот Роналдо со 34 гола освои 68 бода и ја доби „Златната Копачка“ за најдобар стрелец во Европа.
Во претходните сезони Луис Суарез (40 гола - 80 бода), Кристијано Роналдо (48 гола - 96 бода) и Лионел Меси (46 гола - 92 бода) на убедлив начин ја освојуваа престижната награда.
Сезонава трката е понеизвесна затоа што разликата меѓу најдобрите ’бомбардери’ не е недостижна.
1. Лионел Меси (Барселона) - 25 гола х 2 = 50 бода
2. Бас Дост (Спортинг Лисабон) - 24 гола х 2 = 48 бода
3. Пјер-Емерик Обамејанг (Борусија Дортмунд) - 23 гола х 2 = 46 бода
4-5. Антони Модест (Келн) - 22 гола х 2 = 44 бода
4-5. Андреа Белоти (Торино) - 22 гола х 2 = 44 бода
6-9. Роберт Левандовски (Баерн Минхен) - 21 гол х 2 = 42 бода
6-9. Един Џеко (Рома) - 21 гол х 2 = 42 бода
6-9. Луис Суарез (Барселона) - 21 гол х 2 = 42 бода
6-9. Ромелу Лукаку (Евертон) - 21 х 2 = 42 бода
10. Единсон Кавани (ПСЖ) - 27 гола х 1,5 = 40,5 бода