Во 92’ минута од гостувањето на Спортинг кај Маритимо синоќа, при резултат 0-0 Бас Дост разочарано по еден центаршут ја спушти главата и не примети дека топката му е пред нога да ја забие во гол. Слична шанса промаши и во 95’ минута против Виљареал за пласман на Спортинг понатаму во Лига Европа.
Претседателот на клубот од Лисабон на својот Фејсбук објави дека суспендира 19 првотимци поради тоа што не ги прифатиле неговите критики за слабите игри и му вратиле со потпишано соопштение.
Холандскиот репрезентативец и најдобар стрелец на Спортинг Лисабон, Бас Дост по мечот од Купот против Кова Пиедаде каде „Лавовите“ едвај победија 1:2, влезе во вербален дуел со десниот бек на македонската репрезентација.
До завршувањето на клупската сезона останаа уште два месеци. Во трката за наградата „Златна копачка“ која се дава на најдобриот ’бомбардер’ во европските првенства лидер во моментов е Лионел Меси.
Холандскиот напаѓач, пред Божиќ беше спремен да си замине од Волфсбург затоа што не го играа, но статусот му се смени преку ноќ и даде 13 голови на осум настапи во 2015-та. Најзаслужен е што Волфсбург е близу до пласман во Лигата на шампионите следната сезона.