Интервјуто кое на Левандовски му направи голем проблем

Најдобриот напаѓач во германската Бундеслига Полјакот Роберт Левандовски дал интервју за изданието Der Spiegel кое и тоа како не му се допаднало на Баерн Минхен.

Претседателот на Баерн Минхен Карл-Хајнц Румениге викал пред новинарите: „Тој што јавно ќе го критикува тренерот, клубот или соиграчите од екипата ќе има работа со мене“, а потоа додал смирено: „Ако тој се жали на нашата азиска турнеја треба да знае дека клубот за кој мечтае, Реал, летово помина 24 дена повеќе во жар отколку ние. Жалам што го кажал тоа. Тоа не е првпат Роберт да збори лошо за Баерн. И јас знам дека зад тоа стои неговиот агент Мајк Бартел. Договорот на Левандовски важи до 2021 и за негова жал нема отстапување од него“.

Еве дел од интервјуто што го дал Левандовски за реномираниот Der Spiegel:

Во вторник почнува Лига на шампиони. Дали е тоа единствен турнир кој вас ве интересира?

„Уште не сум ја освоил таа титула а очигледно е колку Лигата на шампиони е привлечна. Мене уште ми е криво што со Борусија Дортмунд изгубив во финалето 2013 во Лондон (играа против Баерн).

Се чуствувате ли нецелосен, неисполнет фудбалер затоа што никогаш не сте освоиле Лига на шампиони?

„Секако дека ќе бидам исполнет кога ќе ја освојам ЛШ. Од друга страна знам дека тој турнир е лотарија. На пример минатата сезона, ни бевме во одлична форма, секој од нас силно ја сакаше титулата. Тогаш јас го повредив грбот и го пропуштив првиот меч со Реал. Кога не дадовме пенал нашата мечта беше срушена. На така високо ниво многу детали треба да се поклопат“.

Веќе пет пати стана шампион на Германија. Ти стана ли додевна Бундеслигата?

„Топ професионалците секогаш сакаат да бидат подобри. Ти освојуваш титула а потоа сакаш да докажеш дека не било случајно. Потоа стануваш шампион по вторпат и си велиш себеси дека сакаш да направиш нешто што не го направиле многу други. И така продолжуваш понатаму. Сезонава нашата цел е јасна: Уште ниту еден германски клуб не станал шампион 6 пати по ред и ние може да влеземе во историјата. Тоа е голем мотив“.

На почетокот на сезоната добивте многу критики поради отсуство на мотивација и изгледавте немирен.

„Тоа е поврзано со натпреварите на нашата турнеја по Азија. Можно е критките да беа оправдани. Должен сум да признаам дека летово ми беше тешко да се мотивирам себе“.

Има ли причина за тоа?

„Веќе нколку години играм во три-дневен ритам без големи паузи. Тоа е испразнување особено на мозокот. Притоа мене ми е важна добра подготовка за сезоната.

А во Азија немаше такво нешто?

„Игравме таму многу мечеви. Во такви услови, тебе, како професионалец ти треба да решиш: Сакам во целост да им се посветам на тие дуели или да работам на тренинг за да бидам во форма следната пролет кога ќе се разигрува за титулите. Не можам да тренирам сам во текот на сезоната затоа што немам време за тоа меѓу натпреварите“.

И што решивте?

„Ние, спортистите страдаме од постојан напор и пренапрегање. Единствена можност да се заштитиш себе од сериозна повреда е ефективен тренинг во слободното време зиме и лете. Очигледно е дека во Азија бев посветен на тренинзите. Големото количество пријателски мечеви не ми одеа во полза затоа што во декември три дена после мечот со Реал Мадрид во Лига на шампиони требав да играм на снег во Фрајбург.

Навистина ли во вас нема мотивација?

„Фрајбург - ете прост пример. Вие може да ја наречете и втора екипа која по правило не се бори за титулата. Тие играат против нас со 10 играчи на свое поле. Пет во одбрана кои ме чуваат и нема место да се движам. А против Баерн Минхен сите играат максимално и морам многу да тренирам за да покажам најдобар резултат“.

Звучи како натпреварите од Бундеслига да ви се како тренинзи. Говори ли тоа за квалитетот на Бундеслигата?

„Знам само дека на Бундеслига и требаат повеќе екипи како РБ Лајпциг. Силни екипи кои ќе инвестираат повеќе. Во Бундеслига не смее да доминира само една екипа и борбата за врвот е мала. Нам ни требаат 4-5 екипи кои постојано ќе играат на високо ниво. Таква конкуренција би ни помогнала нас во Баерн да ја држиме концентрацијата до крајот на сезоната. Силна лига би стимулирала и комерцијализација“.

Комерцијализација?

„Ако имаш топ натпревари соодветно на тоа ќе имаш поголемо шоу, навивачи и преноси во цел свет. Навивачите сакаат да гледаат квалитетни натпревари, ѕвезди во лигата и борба за титула. Тоа би ја направило Бундеслига поинтересна за гледачите.“

Дали германскиот јазик е недостаток за слабиот маркетинг?

„Да, особено во споредба со англиската Премиер лига и шпанската Ла Лига. На англиски и шпански зборуваат во многу земји во светот а на германски - не. Поголем дел од населението во светот гледа шпанска или англиска лига. Телевизиските канали реагираат на желбите на своите гледачи и гледаат кој јазик тие го разбираат“.

Денес суперѕвездите одат во Англија и Шпанија.

„До денес Баерн платил за играч не повеќе од 40 милиони евра. Во фудбалот таа сума е просечна а не е голема“.