Ана Левандовска ја откри тајната

Напаѓачот на Баерн Минхен постигна 10 голови во една недела, и неговата поубава половина се пошегува на Инстаграм дека Роберт Левандовски почнува да биде здодевен. Тајната на успехот била во доручекот, вели жена му инаку шампионка во карате.

Роберт Левандовски веќе почна да дава голови и на тенис, додека спие, додека се тушира, додека ужива во вечерата со сопругата Ана Стахурска. Десет голови за една недела. Пет на Волфсбург, два на Мајнц, три против Динамо Загреб. Многу до таа мера што сопругата признава дека веќе е банално, исто, дури и досадно само тој да дава голови.
По хет-трикот против Динамо во ЛШ, Ана Стахурска му напиша на Левандовски на Инстаграм: „Бејби, овие натпревари веќе почнуваат да бидат досадни. Хахахаха, се шегувам. Те сакам Леви“.
Ана вели дека никој не ја прашува што му спремала за доручек, а дека токму таму се крие тајната на успехот на неверојатниот Роберт Левандовски кој не знае за доста кога головите се во прашање. Самата Ана е спортистка, на Олимпијадата во Токио 2008. година освои бронзен медал во карате.
По петте гола против Волфсбург, Левандовски објави дека жена му го терала да јаде растителна храна. „Често не ни знам што ми става во чинијата. На сè мисли и многу е горда на мене. И јас сум на неа. Ми спрема јадења од кои навистина ми е многу убаво. Доручекот што го прави ми го разубавува денот“, изјави шпицот кој ја одведе Полска на ЕП.
Левандовски во меѓувреме даде два гола против Борусија Дортмунд и беше најзаслужен што Баерн Минхен регистрираше нов рекорд: Десет пати Баварците со победа ги отворија првите два натпревари во ЛШ, но никогаш со гол разлика 8+. Роберт Левандовски е крал во противничкото поле: 96 од неговите 101 гол во Бундеслигата и 26 голови во Лигата на шампионите ги даде од самиот шеснаесетник.
 
Сопругата на Левандовски е државен и европски првак во карате:
26 октомври 2015 - 16:01