Баерн Минхен ја потопи Борусија со 4:0, уште еден натпревар кој не можеше да мине без Левандовски да постигне погодок. Даде два и со нив постави два нови рекорди.
Полската гол машина стана прв играч во историјата со 16 голови после 11 поминати кола во Бундеслигата. Со двата погодоци успеа да му го сруши рекордот на Герд Милер од сезоната 1968/1969, кога великанот постигнал 15 голови после првите 11 натпревари.
Се работи за истата сезона за која навивачите викендов имаа спремено посебна кореографија со која потсетија на првата двојна круна во историјата на баварскиот клуб.
Левандовски е тотално подивен сезонава и тие рекордни 16 погодоци до сега во сите 11 првенствени средби, не му се единствени сезонава, туку со се купови и Лига на шампиони се работи за страшна реализација од вкупно 23 комада на 18 натпревари.
Споредено со другите првенства, во Серија А води Имобиле со 14 гола, Варди во Премиер лига има 11, во Шпанија е прв Бензема со 9, исто колку што имаат Дембеле и Једер во Лига 1.
Левандовски има повеќе голови од цел Манчестер Јунајтед кој има 13, како и Атлетико Мадрид (12) и Милан (11).
[insert value] games
— Bundesliga English (@Bundesliga_EN) November 9, 2019
[insert value] goals
Another record for Robert. pic.twitter.com/EKCBlvP5TC
На Борусија пак и дал 16 гола откако ги напушти. Само Вердер (19) и Шалке (18) се поефикасни од него.
Инаку откако Левандовски си замина од Борусија Дортмунд, во сите пет сезони по ред е шампион на Германија со Баерн, а знаете колку чинеше неговиот трансфер? 0 евра.
Го земаа на фри трансфер, а тој на досегашни 260 натпревари има постигнато 214 гола. Машина која не се продава.