Чудесниот Полјак ја доби наградата за најдобар фудбалер на планетата

Оваа година ФИФА не ја доделуваше наградата „Златна топка“, туку се реши за признанието „Best“ во избор на капитените и селекторите на сите репрезентации во светот. Во најсилна конкуренција, Левандовски ги победи Роналдо и Меси.

Лидерот на Баерн и репрезентацијата на Полска во 2019/2020 освои Бундеслига, германски Куп и Супер Куп, Лига на шампиони и Супер Куп на Европа. Беше најдобар стрелец во Бундеслига, во Купот и во Лига на шампиони. Сјајно играше и во дресот на Полска.

Левандовски во 2019/2020 постигна 55 гола на 47 натпревари.

Претседателот на ФИФА, Инфантино допатувал во Минхен за лично да му ја врачи наградата на центарфорот. 

Притоа ФИФА за најдобар голман во конкуренција на тројца врвни чувари на мрежата (Алисон Бекер, Јан Облак и Мануел Ноер), наградата му ја додели на капитенот на Баерн и германската фудбалска репрезентација Ноер.

Во идеалниот состав за 2019/2020 се уште и Трент Александер-Арнолд, Вирџил Ван Дајк, Серхио Рамос и Алфонсо Дејвис од Баерн Минхен. Во среден ред Тиаго Алкантара, Џошуа Кимих, Де Брујне, а во напад Кристијано Роналдо, Лионел Меси и Роберт Левандовски.

За најдобар тренер во претходната година е избран Јирген Клоп (пред Ханси Флик и Марсело Бјелса). 29-годишната Англичанка Луси Бронз која игра за Манчестер Сити во женската Паремиер лига, е прогласена за најдобра фудбалерка за 2019/2020.

„Шокиран сум зошто мислев дека нема пак да ја добијам наградата. Тука сум со своите играчи, и меѓу нив има номинирани за награди. Ви благодарам многу, здраво Арсен, убаво е да те видиме“, рече Клоп.

Уривање рекорди во 2019-та година стана норма за Роберт Левандовски. Во декември лани го постигна 221. гол во Бундеслига и го надмина Јуп Хајнкес на листата најдобри стрелци во историјата на германскиот фудбал (повеќе имаат само уште Клаус Фишер и Герд Милер).

Полскиот центарфор ја заврши календарската година лани со 54 гола на 58 меча (4 повеќе од Лео Меси кој одигра исто толку натпревар)

Роберт ја пренесе формата и во 2020-та. Игра неверојатен фудбал.

Просекот 1,08 голови по натпревар без пенали е феноменален показател. За споредба, во своите богати кариери Раул и Андреј Шевченко немаа ниедна таква година. Тиери Анри имаше само две сезони на такво ниво.

По бројот на голови, во Европа минатата сезона само Чиро Имобиле можеше да му парираат на Левандовски. Италијанецот лани постигна 36 погодоци (22 не беа од пенал, 14 од пенал). 

Во 2019/2020 Левандовски имаше набилдана статистика и во Лига на шампиони: 10 гола на 15 меча. При севкупна оцена на голови и асистенции кој прават збир на ефикасноста, Роберт беше најдобар играч на сезоната 2019/2020.

ДОБИ ПОСЛОБОДНА УЛОГА И СТАНА ПОНЕПРЕДВИДЛИВ

Роберт Левандовски одамна стана крал на шеснаестерците. Неговиот учинок не зависи од возрата, напротив како старее се подобар е.

„Ги користи и двете нозе и добар е во воздух. Неверојатно тешко е да се скроти фудбалер кој е спремен да финишира на кој било начин“, изјави Жерар Пике кој го смета шпицот на Баерн за најтежок ривал за чување.

Салихамиџиќ, спортскиот директор на Баерн Минхен додава вели:

„Роберт е идеален напаѓач за наш стил на игра. Тој одлично се ориентира на мал простор, извонредно се отвора и изнаоѓа луди решенија со топка“.

Мирослав Клозе додава:

„Левандовски прави се што правев јас само 10 пати подобро. Он е напаѓач со сите квалитети: игра и со лева и со десна, игра во воздух и има прекрасен шут“.

Самиот Лева во една прилика изјави:

„Совршена деветка треба да владее со лева, со десна нога и со глава. Треба да се имаат сите инструменти за завршување на нападот и постојано да си спремен психолоши за моментот. Не сакам долго да чекам топка, никој не сака. Но треба да се сочува концентрацијата, да се биде во тонус кога топката ќе дојде. Тоа е најважно“.

Движењето, концетрацијата и методите на финиш на нападите се збир на квалитети на Левандовски во шеснаесетникот.