Селекцијата на Украина нема да учествува на Светското првенство кое почнува на 20 ноември, но капитенската лента во боите на Украина која ќе ја носи Левандовски ќе биде како еден вид потсетник за тоа што се случува во оваа земја.
„Ви благодарам за сè. Она што го направивте ми го стегна срцето. Нашата земја ви е многу благодарна. Не можам ни да опишам со зборови. Би сакал симболично да ја однесе на Светското првенство. Тешко ни е сега, но гледаме како ни помагаат нашите браќа од Полска“, изјави поранешниот напаѓач на Милан.
„Почувствував дека играњето со украинската лента, како што направив веднаш по почетокот на инвазијата во нивната земја, ќе биде јасен гест од моја страна, покажувајќи му на светот дека оваа војна навистина се случува. За тоа треба да зборуваме и ние спортистите. Би сакал да им се заблагодарам на сите Полјаци што и помогнаа на Украина на различни начини. Добро ни е познато што значи моменталната ситуација за нив и што значи да се бориш за слобода“, рече Левандовски.
Legendary striker Andriy Shevchenko gave Robert Lewandowski an armband in the colors of Ukraine’s flag which he will take to the World Cup 🇺🇦 pic.twitter.com/7ZyZLrlHKN
— B/R Football (@brfootball) September 20, 2022
Славниот полски напаѓач откри и како се снашол кога прв пат го направил овој гест во чест на Украина.
„Знаев дека ќе бидам капитен на тој натпревар, но не игравме во Минхен, туку на гости. Затоа немав можност да направам сам иста таква лента. Но, најдов две бои, ги комбинирав и ги сошив. Почувствував дека е добро време да му покажам на светот што се случува.
Не знаев колкав ќе биде размерот на реакцијата на мојот гест, но сакав да биде голем. Колку повеќе луѓе се свесни за тоа што се случува, толку подобро. Видов, особено на почетокот, дека свесноста за ситуацијата во Полска е многу висока, но колку е подалеку, толку е помала. Затоа вредеше да се зборува за тоа, да се прават овие гестови. Мора да се поддржат нациите кои се борат за слобода“, заклучи Левандовски.
Hermoso y emotivo encuentro: el gran Andriy Shevchenko le entregó a Robert Lewandowski un brazalete de capitán con los colores de Ucrania, en agradecimiento por el apoyo del delantero tras la invasión de Rusia a su país. Y le pidió que lo lleve al próximo Mundial... 🇺🇦🤝 pic.twitter.com/qUhmEE1iUS
— SportsCenter (@SC_ESPN) September 20, 2022
Пољаците им даваат голема поддршка на нивните источни соседи откако се нападнати од Русија. Украинските клубови кога се во улога на домаќини на меѓународни натпревари, играат во Полска.