Левандовски не е со сите

Оптоварени со тоа до каде одат и какви рекорди поставуваат Меси и Роналдо, подзабораваме по малку на Роберт Левандовски. Човекот кој шест сезони е константна гол машина во Баерн, шест сезони шампион и во пет од нив не е под 40 гола по сезона.

Одиме веднаш со конкретни бројки, тазе остварени на осминафиналното соочување против Челси, кои покажуваат дека Роберт е голем играч, затоа што сам решава големи натпревари, како оној против Сините од Лондон.

Пољакот замислете учествувал во сите 7 гола на двомечот, 3 пати како стрелец и 4 пати како асистент, нешто што се нема случено во Лига на шампиони 15 години.

Знаете ли колку голови има постигнато сезонава во ЛШ? 13, што е рекорд во една сезона пред четвртфинале. Тоа значи дека има можност со еден гол да го стигне Меси кој има постигнато 14, како и рекордерот Роналдо кој е прв со 17. Нивните бројки се постигнати за една цела сезона.

На мечот против Челси, Левандовски го мина Бензема на листата на најдобри стрелци во ЛШ, а следен за поминување му е Раул.

 

Инаку со исклучок на деби сезоната во Баерн со 25 гола, секоја сезона дава по минимум 40 комада на сите натпреварувања, а оваа му е рекордна со 53. За шест сезони во Минхен стигна до бројка од 244 погодоци.

Само еден податок плус што уствари му направи Баерн на Лондон.

10 август 2020 - 16:24