Баерн рутински со Лацио, Челси го елиминира Атлетико Мадрид

Вечерва актуелниот европски првак Баерн Минхен и англиски Челси станаа уште два патници во четвртфиналето на Лига на шампиони откако и во реванш дуелите ги совладаа Лацио и Атлетико Мадрид.

Лига на шампиони 1/8 финале, резултати:

БАЕРН МИНХЕН - ЛАЦИО 2-1 (1-0) вкупен резултат 5-1
/Левандовски 33' пен., Чупо-Мотинг 73' - Пароло 82'/

ЧЕЛСИ - АТЛЕТИКО МАДРИД 2-0 (1-0), вкупен резултат 3-0
/Хаким Зијеш 34', Емерсон 90+4'/

Претходни патници во четвртфиналето се Борусија Дортмунд, Пари Сен Жермен, Порто, Ливерпул, Манчестер Сити и Реал Мадрид.

Во Минхен немаше многу дилеми на реваншот зошто огромната разлика во класи беше евидентна уште пред две недели во Рим.

Од друга страна, во Лондон Атлетико Мадрид со само еден погодок можеше да направи драма но во тоа ги спречи судијата Даниеле Орсато кој во 27' минута не досуди очигледен пенал над Фереира-Караско и следствено на тоа директен црвен картон за Сезар Азпиликуета.

Челси прв поведе преку гол на Мароканецот кој дојде од Ајакс, Зијеш, а конечните 2:0 ги постави Емерсон со гол буквално во последните секунди од мечот.

ДАЛИ Е АТЛЕТИКО ОШТЕТЕН ЗА ЧИСТ ПЕНАЛ СО ЧЕЛСИ?