Многу спорна одлука се случи на реванш мечот меѓу Челси и Атлетико Мадрид од 1/8 финале на ЛШ. На првиот дуел Челси славеше 0-1 на неутрален терен во Букурешт, а на реваншот во Лондон Атлетико уште во 27' минута можеше да добие пенал и евентуално да ја надомести негативата.
Белгискиот репрезентативец Јаник Фереира-Караско беше повлечен од Сезар Аспиликуета кој како последен играч можеше да добие и црвен картон. Но италијанскиот судија Даниеле Орсато само одмавна со рака: