Како загревање за Рајо Ваљекано против кој ќе ја отворат новата сезона во Ла Лига следната сабота, Каталонците славеа со висок триумф од 6:0.
Повод беше трофејот „Жоан Гампер“, а демолираниот противник, мексиканскиот тим Пумас.
Навивачите на Барселона уживаа во воведните 20 минути од мечот во кои паднаа четири гола, а главни во шоуто беа Педри и Левандовски.
Пољакот го отвори резултатот уште по 3 минути игра, а за прекрасната асистенција му возврати на 19 годишниот шпански репрезентативец со две убави додавања во 5-та и 19-та минута.
Меѓу двата гола на Педри стрелаше Дембеле, а во вториот дел конечните 6:0 ги остварија Обамејанг и Френки де Јонг.
The definition of class 👏 pic.twitter.com/tK7VsQacvf
— FC Barcelona (@FCBarcelona) August 7, 2022
🎩 Lewandowski + Pedri 🎯
— FC Barcelona (@FCBarcelona) August 7, 2022
A perfect flick and finish 🤩 pic.twitter.com/VCbVTbmxOr
Левандовски суптилно го испоштува Роналдињо на промоција во Барселона