Малдини, Ривалдо, Капело, Костатурта, Пирес, Де Брујне, Руи Коста, Луис Суарез, Мајкл Овен, Рио Фердинанд, па дури и самиот Меси на церемонијата, отворено се изјаснија дека Роберт Левандовски ја заслужил Златната топка.
Но едно е мислењето на спортската јавноста, друго дебатата на социјалните мрежи и сосема трето гласовите на новинарите кои многу тесно со 33 гласа му дадоа предност на Меси пред Левандовски.
Освен во светот и меѓу нашите читатели се разви дебата за тоа кој повеќе го заслужил признанието, кое скоро 70 години го доделува францускиот магазин Франс Фудбал.
Еден од нив вели дека Левандовски е играчиште и дека не значи дека ако лани не ја освоил Златната топка заради пандемијата, мора да ја освои сега, а потоа продолжи дека таа не се доделува на најдобриот стрелец, туку на најдобриот фудбалер.
Коментарот го поткрепи со интересна статистика на која се гледа дека Меси освен по бројот на голови, доминира во сите други параметри, како на пример број на асистенции, пасови, дриблинзи, создадени шанси, украдени топки и слично, а и двојно повеќе пати е прогласуван за играч на натпревар.
Па дури и освоил повеќе индивидуални награди и срушил повеќе рекорди, а по број на освоени трофеи во 2021-ва се израмнети 2:2.
Занимлива табела на која може да се види годината низ бројки на тројцата играчи со најголем број на освоени гласови.
Лионел Меси по 7-ми пат доби Златна топка, светот бара правда за Левандовски