Ноктот на Роберт

Реал Сосиедад ја совлада Барселона со 1:0 и им ја прекина прекрасната серија од седум победи во низа. Големи полемики предизвика 13-та минута од мечот кога му беше поништен гол на Левандовски. 

Фотографијата од ВАР собата покажува дека Пољакот штрчи со врвот од копачката.

Токму ова е еден од поводите за укинување на ваквите ситни офсајди со прстите од копачките, лакт, колено, нос, веѓа или поточно со секој дел од телото.

ФИФА лани најави дека на предлот на Арсен Венгер, кој работи како шеф за глобален фудбалски развој во ФИФА, сака да го поедностави правилото кое би било многу јасно. Тоа е офсајд да се суди само ако играчот е понапред со цело тело.

Интересна сцена од мечот Сосиедад - Барселона со опкружена гостинска навивачка

11 ноември 2024 - 08:55