„Десетте Божји заповеди“ на Сесил Б. ДеМил, „Најпосле на сигурно!“ на Харолд Лојд (сосе сцената каде тој виси од часовник на кула), „Пророкот“ на Калил Џибран, „Бамби“ на Феликс Салтен според која е направен филмот на Дизни, „Его и Ид“ од Сигмунд Фројд, дела од Ешер, Пикасо, Кандински, Ман Реј. Oслободувањето на овие дела се врши според одредбите на Закон за продолжување на рокот на истекување на правата од 1998, неформално наречен и закон на Сони Боно според конгресменот кој го промовирал, или Закон за заштита на Мики Маус. Со него беа продолжени роковите на заштита на авторските права, кои сега важат во текот на животот на авторот+70 години, или 120 години за дело со споделено авторство.
Ова подразбира дека оваа година можат да влезат во јавен домен сите дела чии права се авторизирани во1923, но не и оние кои биле прв пат изведени или објавени таа година, а не биле авторизирани. Оваа закачка излезе важна во контекст на правната битка околу правата за песната „Хепи брдеј ту ју“, чии сегашни сопственици тврдеа дека таа на времето била објавена од неавторизирани извори, без дозвола на оригиналните сопственици. До 1963 важело правилото дека сопственикот на правата морал лично да ги обнови по истекот на 28 години, па дела од 1923 чии сопственици не го сториле тоа порано влегоа во јавниот домен, како блокбастерот „Ѕвонарот од Нотр-Дам“.
Издавачите тријат раце и брзаат да бидат први кои ќе објават некои од делата без да мораат да платат за правата. Автори кои можеби долго време сакале да преработат некое дело сега не мора да се бават со бирократија, а во средини со малку постегнати регулативи во врска со прашањево од нашата тие можат дури (!) и да фотокопираат цели дела без страв од гонење. Секако ова ослободување од права може да доведе и до преработки кои нема да ни се допаднат или нема да ги испочитуваат антологиските дела за кои станува збор, но барем на почетокот на годинава да бидеме оптимисти и да се радуваме на можностите кои се отвараат.
Целиот список на дела тука - тој покажува дека 1923 била навистина многу добра година за уметноста