Грегори Форт и неговата книга „Куче што моча крај патот“ (A Dog Pissing at the Edge of a Path) е добитникот на oвогодинешната награда за најнеобичен наслов. На второ место по број на гласови била „Претставување на средовековното магаре“, што на англиски звучи и како историја на задникот (Introducting the Medieval Ass).
Обете книги се академски студии, а авторот на победничкиот наслов е професор по антропологија на Универзитетот во Алберта. Станува збор за студија на примената на метафорите кои вклучуваат животни од страна на домородната етничка заедница Наге, која живее на островите Флорес и Тимор во источна Индонезија. Базирана на долготрајна теренска работа, авторот во неа ги истражува значењата и начинот на употреба на околу 560 животински метафори, кои откриваат значајни разики во разбирањето на односот човек-животно во споредба со народите од запад.
Најголемиот конкурент на оваа книга, историската студија на значењето на магарето, е на средовековната историчарка Катрин Л. Смитис од Универзитетот во Мелбурн. Во финалето влегоа и „Класичната антика во хеви-метал музиката“, „Косилки за трева: илустрирана историја“ и „Колење на одгледувани животни: практични начини на зголемување на благосостојбата на животните“.
Со наградата раководи списанието Букселер, а таа е воспоставена во 1978. Победникот го одлучува публиката, а книгата на Форт добила дури 49% од гласовите. Неговиот издавач изјавил дека „гордо ја прифаќа круната на Дијаграм“, свесен дека насловот покрива три најплодни области кои до сега биле наградувани: универзитетски теми (во 1978 добитникот беше „Белешки од втората меѓународна работилница за голи глувци на Универзитетот во Токио); животни и телесни функции.
За добитниците од 2019 тука