Букбокс акција - резултати

Најзгодниот дечко кој чита

Иако не одредивме рок, некако осетивме дека токму денес е добар ден да се објават резултатите од акцијата „Ем згодни, ем начитани“, во која ве повикавме да испраќате фотографии од згодни дечки кои читаат.

 

Сосема очекувано, НЕ ДОБИВМЕ НИТУ ЕДНА фотографија со ваква содржина. Радосни што си ја заштедивме наградата, но сепак резигнирани што вакви локални фраери очигледно или 1) не постојат, или 2) се срамат да бидат сликани во таква деградирачка поза, одлучивме сами да си номинираме еден, и истовремено да го прогласиме за победник. Дами и господа - Mr. John Doe!

 

 

 

 

 

 

Тоа што ликот е безличен нека не ве буни - тоа е само темплејт врз кого можете да ги проектирате посакуваните карактеристики. Она што е битно е едно негово својство кое не можете никако да го промените. Не, не е дека тој чита. Легнат е!

За крај, да не испаднеме вулгарни, за атер на мажите кои имаа мака да го прочитаат дури и овој текст, со прстот следејќи ги буквите на монитор и мрдајќи со усните, малку ангажирана поезија која (да не се лажеме) само навидум - со опроштение на софрава - е машки дискурс.

28 мај 2012 - 13:06