Тајсон Фјури избран за боксер на годината

Реномираниот весник The Ring кој од 1928-ма ја врачува наградата за најдобар боксер на изминатата година, во конкуренција на Флоид Мејведер јуниор, Саул Алварез, Генадиј Головкин и Роман Гонзалес го избра Британецот Фјури.

Новиот светски шампион во супертешка категорија, 27-годишниот Фјури е избран за најдобриот боксер за 2015-та година. На 28. ноември минатата година, Британскиот Ром го совлада неприкосновениот Владимир Кличко (39) и го доби престижниот појас.
 
Во 12 рунди во Германија, Фјури го победи Украинецот по едногласна одлука на судиите и ги спои титулите во Меѓународната боксерска федерација (IBF), Светската боксерска организација (WBO) и Светската боксерска асоцијациаја (WBA).
 
Во изборот кој првпат се организирал во 1928-та година, боксерот од Манчестер победи неколку светски имиња меѓу кои Американецот Флојд Мејведер помладиот, Мексиканецот Саул Алварез, Казахстанецот Генадиј Головкин и Роман Гонзалес од Никарагва. Фјури бил номиниран и во изборот „Победа на годината“.
„Не можам да поверувам (Oh my God!). Многу сум горд на наградава“, напиша Тајсон Фјури на својот Твитер профил. Тој го повтори успехот на сонародниот Рики Хатон од 2005. година.
Не остана без награда ниту Мејведер кој ја заврши кариерата после победата во септември над Андре Берто. На подолгиот список на 38-годишниот Мејведер (49 победи/26 со нокаут) се најдоа неколку сериозни противници но тој ниту еднаш не загуби. Стана светски првак во пет различни категории. Американецот остана само со бронза од Олимписките игри во 1996. година. Денес стана лауреат во номинацијата „Настан на годината“ за „борбата на векот“ против Мани Пакијао. Хонорарот кој го доби Мејведер во таа прилика изнесуваше околу 200 милиони американски долари.
 
Во изборот за Спортист на 2015-та во Велика Британија, Фјури заврши втор, зад тенисерот Енди Мареј кој беше прогласен за спортска личност на годината.