Касни ми од лајкот

Навредувај како Шекспир

Кога умееш со зборови, те бива и да кажеш „те сакам" на сто начини, но и да отераш на толку софистициран начин што некој може да помисли дека му дaваш комплимент. Шекспир бил махер за ова.

Од учтива навреда како „Моли се да си што подалеку од мене" во Антоние и Клеопатра, преку „Ајде да се среќаваме колку што е можно поретко" од „Како милувате", до поконкретните „Да даде Господ ноктиве мои да се сидра во твоите очи" од Ричард Трети, Шекспир е полн со сочни пцости и навреди. Некои од нив си циркулирале во тоа време, но добар дел се негова креација.

Во ова видео британската актерка Шиобан Томсон покажува колку можат да бидат корисни овие изрази во секојдневниот канцелариски соживот. Ем пола нема да те разберат, ем ќе ти олесни.

Тука целосниот список на употребените навреди и во која драма се среќаваат. Објаснување на првата, со каснувањето на палецот: стар навредлив италијански гест, слично со покажување среден прст. Во „Ромео и Јулија" слугата на Капулети, Самсон, почнува расправија со тоа што си го гризнува палецот пред слугата на Монтеки, Аврам. Нешто како каснат или обезглавен „лајк".

Aко ви е комплицирано, таблица со три колони, со чие комбинирање ја добивате идеалната навреда.  

 

26 септември 2014 - 16:48