Гостинката не го штедеше новинарот Билиќ, велејќи му дека за него слушнала сè најлошо, дека е „жив давеж" и „клепетало", дека во прилозите е секогаш „надркан и напален", и дека тоа создава погрешен впечаток за него, бидејќи тој инаку изгледа како сосема фин човек.
„Овие во шминкерница ми рекоа дека ако Билиќ се насмее во емисијава, секоја од нив ќе ми даде по сто куни", рече таа, по што водителот и навистина се насмеа, очигледно затечен од лавината коментари, кои не ги чул ни од жена му.
Освен на водителот, Рудан им се сипа и на претседателот Јосиповиќ, премиерот Милановиќ и на државниот обвинител Бајиќ, според неа сите ред до ред криминалци. Ама тоа да се плука по политичарите некако и можеме да го разбереме. Замислете ја Ведрана кај Чом, или кај Сашо Политико. Е, тоа тек би било журка!